Претходна статија
За пет години цената на становите паднала за 7,3% на национално ниво
Следна статија
Жителите на Карпош 4 не сакаат плоштад наместо постоечкото зеленило

Охрид во потрага по архитектонски трудови за Градска куќа

Објавено на 11.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Охрид распиша Конкурс за избор на идејно архитектонско решение за изградба на Градска куќа. Планираниот објект именуван како „Долни Сарај“ во моментов претставува непознаница, ако се земе во предвид фактот дека Општина Охрид досега не објавила план за изградба на ваква административна зграда. Од малкуте податоци од Бирото за јавни набавки може да се дознае дека повикот до архитектите за доставување на нивни трудови е отворен до 14 април. Изборот на најквалитетното архитектонско решение ќе го изврши жири – комисија во следниов состав: Татјана Стојческа, Филип Мојсоски, Ана Снегар, Кирил Илиоски, Горица Гаврилоска и Марија Коруноска.

 

 

 

Општина Охрид долги години наназад се соочува со недостиг на административни простории. За таа цел, пред неколку години беше започната доградба на општинската зграда, која до денешен ден не е завршена. Засега останува нејасно дали новата Градска куќа во Охрид ќе претставува репрезентативно здание за прием на странски делегации и за одржување на свечености, или пак, станува збор за нов објект за потребите на градската администрација.