Претходна статија
Општина Карпош ќе инвестира во термо фасади за 40 стари објекти
Следна статија
Заврши обновата на манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе

Јавниот превоз во Тетово се враќа на колосек

Објавено на 06.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Тетово годинава ќе го реализира проектот за воведување на јавен градски превоз, за која веќе е формирано Јавно претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“. Локалната власт се надева дека ќе добие помош од осум автобуси со помош на Министерството за транспорт и врски, со кои би се одржувале автобуските линии во градот. Транспортниот проект на градската администрација е од 2014 година, кога се формираше новото претпријатие. Автобусите на тетовските улици ќе значат растеретување на сообраќајниот метеж во градот, но и ќе го намалат загадувањето на воздухот. Засега нема информации од Општина Тетово во однос на тоа колку градски линии ќе се оформат, ниту пак колку ќе чини автобускиот билет за граѓаните. На последната општинска седница беа назначени членови на управниот и надзорниот одбор на новото претпријатие.

 

Тетово е единствен од поголемите градови во земјава без јавен градски превоз. Во моментов градскиот превоз функционира во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Прилеп, а на ваков чекор се одлучија и општинските власти во Кочани и Штип. Градот под Шара има долга традиција на постоење на градски превоз, организиран од локалната власт. АТП „Полет“ од Тетово функционираше до 2008 година како транспортно претпријатие, по што автобусите престанаа да сообраќаат. Три години подоцна, ова претпријатието замина под стечај.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk