Претходна статија
Изградбата на автопатот Кичево - Охрид се одвива според договореното
Следна статија
Новиот кинески воз од Скопје за Битола ќе вози во 1:40 часот по полноќ!

Енергетски ефикасна фасада – инвестиција што брзо се враќа

Објавено на 09.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Поставувањето на термичка фасада на вашата куќа или станбена зграда е еден од најзначајните зафати при изведба на новите домови, или пак, при реконструкција на постарите. Најновите истражувања покажуваат дека над 30% од енергијата во внатрешните простории се губи низ фасадата на објектот. Преведено во денарска противредност, ако претходно за загревање сте плаќале по 6.000 денари месечно, со изведбата на енергетски ефикасна фасада можете месечно да заштедите 1.800 денари за топлинска енергија. Математиката покажува дека еден ваков дом може да ги намали сметките за топлинска енергија и до 200 евра во една сезона. Следејќи ја потребата која преминува во неопходност, во продолжение ви нудиме помош како да изведете термичка фасада за вашата куќа или станбена зграда.

 

#

 

 

Градете според важечките прописи за изведба на фасада

 

Казните за непочитување на македонската законска регулатива при изведба на фасада се високи. За да го реализирате проектот без мака, најпрво ќе треба да изработите елаборат за енергетска ефикасност на објект, без разлика дали станува  збор за новоградба, или пак за реконструкција. Ангажирајте енергетски контролор што ќе ја следи имплементацијата на мерките за енергетска ефикасност. Набавката на скеле за вашето градилиште ќе придонесе за побрзо и побезбедно завршување на работата, но воедно е и законска обврска. На самиот крај, не заборавајте да обезбедите енергетски пасош за вашиот објект со помош на ангажираниот енергетски контролор. За тоа колку е важно довршувањето на објектот, доволен податок е содржината на Законот за градење, во кој е предвидена казна и до 3.000 евра за подигнување на нов објект без фасада.

 

 

Побарајте искусни градежници

 

Реализацијата на енергетски ефикасна фасада е зафат за кој е неопходно ангажирање на квалитетна работна сила. Дури и при фасадно обликување на една мала барака, не се впуштајте во изведба самостојно. Фасадниот систем се состои од неколку фази на реализација, кои бараат стручно следење на постапките на градење. Лошо изведената и нестручна работа може да доведе до паѓање на целата термо фасада, особено во случаи на јак ветар. Истражувањата при вакви несреќи покажале дека неквалитетната работна рака и лошите градежни материјали се главни причини за уништувањето на термичките фасади. Поради сето ова, препораката е да се одбере градежна фирма со искуство во спроведувањето фасадерски работи.

 

#

 

 

Користете квалитетни градежни материјали

 

Немојте да импровизирате при изведбата на енергетски ефикасна фасада. Ако градите нов објект, најадекватно решение се термо блоковите за имплементација на мерките за заштеда на енергија. Ваквиот градежен материјал му дозволува на ѕидот да „дише“. Термо блоковите обезбедуваат оптимално струење на водената пареа и оневозможуваат појава на топлински мостови на ѕидната површина. Истовремено, термо блокот е изработен исклучиво од природни материјали, без синтетички адитиви. Со употреба на овој градежен материјал, вашиот објект полесно ќе ја достигне највисоката А – класа на енергетска ефикасност.

 

Уште еден значаен составен дел на термичката фасада е стиропорот. Без разлика дали станува збор за изградба или за реконструкција на еден објект, препораката е да се користи стиропорот како извонреден изолатор. Во Република Македонија, во дури 98% од термичките фасади се вградува стиропорот како градежен материјал, што е непобитен доказ за неговата економичност и практичност во нашите пазарни и климатски услови. За најголем дел од објектите се препорачува оптимален слој на стиропор од 8 до 12 сантиметри, со кои ќе се обезбеди адекватна изолациска заштита.

 

#

 

 

Доколку има потреба од изведба на лесна конструкција, вистинско решение за обложување на фасадата се цементните иверки. Станува збор за градежен материјал што има голема отпорност на абразија и механички оштетувања. Цементните иверки не содржат формалдехид и азбест, и се карактеризираат со голема огноотпорност и водоотпорност. Произведени со сврзување на струготини од бор и портланд цемент под висок притисок, производот е во согласност со европскиот стандард EN 634-2.

 

 

Користете светли бои за помали трошоци за ладење во летниот период

 

Тешките темни бои треба да се избегнуваат при изведбата на термички фасади во Македонија. Високите температури во летниот период доведуваат до непотребно загревање на надворешните ѕидни површини на објектите, со што се зголемуваат и трошоците за ладење на внатрешните простории. Се препорачуваат разиграни светли бои, кои треба да ги одберете во консултација со архитект. Првенствено би требало да се комбинираат бројните нијанси на бела, зелена, сина или портокалова боја. Кај фасадните бои е важно да одберете производ со долготраен квалитет, кој првенствено значи отпорност на надворешни влијанија на самата боја. Единствено со внимателен избор на фасадната боја, вашата куќа или станбена зграда ќе се стекне со додадена вредност што ќе ја почувствувате.

 

#

 

 

Термичката фасада искомбинирајте ја со нови прозорци

 

Поставување на нови прозорци може да заштеди и до 25% од вкупната потрошувачка на енергија во вашиот дом. При реконструкцијата на постари објекти, препорачливо е да се променат дотраените прозорци заедно со изведбата на термичката фасада. При изборот на прозорци треба првенствено да се внимава на коефициентот на топлинска спроводливост, која зависи од бројот на комори на прозорците и од додадените адитиви на самата пластична маса. Само квалитетни ПВЦ прозорци, од сега со попуст и до 15%, може да ги спречат губитоците на топлинска енергија. На тој начин, спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност ќе бидат реализирани во целост. Но тука не е важна само заштедата на енергија. Со менувањето на прозорците може да ја подобрите звучната изолација и да ја отстраните непотребната бучава од вашиот живот.

 

#

 

 

На самиот крај, не заборавајте дека продажбата и издавањето на недвижности во иднина ќе бидат зависни во голема мерка од рангирањето на објектот во класите на енергетска ефикасност.  Колку поголема заштеда на енергија му понудите на некој иден клиент, толку тој повеќе ќе ја вреднува вашата градба од финансиски аспект. Токму затоа, направете градителски исчекор напред.