Претходна статија
А.Д. „Карпош“ ќе гради еконаселба во општина Ѓорче Петров
Следна статија
3,5 милиони евра за изведба на шест фасади на улица „Македонија“

Добивката на штипски „Бетон“ лани намалена за 49%

Објавено на 01.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Штип забележала намалена финансиска добивка од 49% во текот на 2015 година. Според податоците од Македонска берза, сеопфатната добивка на компанијата во периодот јануари – декември 2015 година изнесувала 47.683.000 денари. Остварените годишни приходи на штипски „Бетон“ лани биле заокружени на 754.981.000 денари, додека оперативните расходи на оваа градежна фирма изнесуваат 668.437.000 денри. Според неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех, кај расходите има зголемување во делот на трошоците за вработени, трошоците за суровини и амортизацијата на материјални и нематеријални средства. Расходите по основ на камати, курсни разлики и слични расходи во 2015 година биле зголемени за 39%.