Претходна статија
3,5 милиони евра за изведба на шест фасади на улица „Македонија“
Следна статија
Започна Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2016

Избрано идејно решение за уредување на коритото на Кочанска река

Објавено на 01.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Кочани ги избра најквалитетните архитектонски трудови за уредување на коритото на Кочанска река во централното градско подрачје. Локалните власти не доделија прва награда на неодамна завршениот архитектонски Конкурс. Идејното архитектонско решение на авторите Мила Рориќ и Дејан Томски од Битола ја доби втората награда во износ од 37.000 денари. Доставениот труд на „Терраплан-Партнерс“ од Гостивар (автори: Ана Иванова, Муса Неџибе, Зендели Егзона и Ивона Крстевска) се стекна со третата награда во вредност од 25.000 денари. Општина Кочани ги откупи авторските права на најдобрите идејни решенија, кои ќе претставуваат основа за изработка на неопходната проектна документација.

 

Конкурсот за избор на идејно решение за уредување на коритото на Кочанска река беше објавен кон крајот на минатата година. Локалните власти засега немаат конкретен рок кога би се реализирал овој проект. Општинската администрација со неодамнешниот повик сакаше да ги предизвика архитектите да достават соодветни предлози за искористување на атрактивниот јавен простор лоциран во центарот на градот.