Претходна статија
Отворена приватната болница „Филип Втори“
Следна статија
Ќе се менува документацијата за реконструкција на Универзална сала

Градете и реновирајте полесно

Објавено на 02.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пролетните месеци пристигнуваат, на чекор сме од почетокот на градежната сезона и сега е вистинско време за остварување на вашите градителски соништа. Пред почетокот на градежната сезона, ви нудиме бројни можности за тоа како без мака да ја реализирате изградбата или реконструкцијата на буквално секој сегмент од вашиот објект во кој живеете, одморате или работите. Предлозите во овој текст ќе ви помогнат секоја фаза од обемната задача што стои пред вас, да ја изведете квалитетно и ефикасно.

 

 

1. Добро изработен проект е првиот чекор кон успехот

 

Консултирајте се со вашиот архитект или проектантско биро на кое му верувате. Без разлика дали градите нов објект или реновирате некој сегмент од домот, објаснувањето на вашата идеја и замисла на професионалец може единствено да ви донесе корист во понатамошната работа. Парите што ќе ги издвоите за изработка на проект се многу помали во споредба со вложените огромни финансии во неуспешно реализиран градежен зафат, од кој на крајот нема да бидете задоволни.

 

 

2. Квалитетен бетон како темел на секоја инвестиција

 

Обезбедете се со квалитетен бетон за да го реализирате вашиот градителски сон. Во денешни услови, миксери со однапред подготвен бетон можат да дојдат до вашето градилиште со само еден повик. По потреба, транспортот на готов бетон до вашиот објект може да биде надополнет со негово вградување со пумпа од стручни лица.

 

 

3. Користете скеле – заштитете ги работниците и завршете побрзо

 

При изградбата на еден објект или при реновирање, секогаш побарајте скеле со кое работниците ќе можат да го реализираат градежниот зафат брзо и ефикасно. Разновидната понуда во денешнината ќе ви овозможи лесно да пронајдете скеле, без разлика дали станува збор за изградба на голем индустриски објект, или пак, за санацијата на вашата куќа за домување.

 

 

4. Пробајте нешто ново

 

Исто како што е со сите работи во животот, ви препорачуваме да пробате нешто ново и подобро при остварувањето на вашиот градителски сон. Нашиот предлог се цементните иверки BETONYP, произведени во согласност со европскиот стандард EN 634-2. Поради нивната огноотпорност и водоотпорност, одлични се за примена во обложувањето на надворешната фасада, како основа за плафони и подови, но и за изведба на разделни ѕидови во вашиот објект.

 

 

5. Енергетската ефикасност поставете ја како приоритет

 

Сигурно сте свесни дека електричната и топлинската енергија во иднина можат единствено да поскапуваат. Оттука, особено внимание при изградбата или реконструкцијата на еден објект треба да се посвети на инвестирањето во енергетската ефикасност. Нашиот совет е зафатот да го изведете темелно, без „слаби алки“, и тоа од изведба на нова покривна конструкција, преку поставување на нови врати и прозорци на објектот, до изведба на термичка фасада.

 

Реализацијата на нов покрив е еден сегмент од енергетската ефикасност на кој често забораваме. Нов пластифициран лим во форма на ќерамиди како кров, заедно со поставување на камена или стаклена волна во поткровјето може во целост да го реши проблемот со губењето топлина во домот или во работните простории. Монтирањето на нови врати во вашиот дом е уште една можност за да ја зачувате топлината во објектот, а покрај тоа си обезбедувате и поголема заштита од провалници. Не заборавајте, стари и уништени врати оддаваат топлина кон ладните ходници во објектот, или пак, кон надворешноста од зградата. За да го заштитите вашиот автомобил од надворешните метеоролошки фактори, како и од крадци, ви препорачуваме да поставите и квалитетни гаражни врати.

 

Во внатрешноста на објектот, изведете ги внатрешните ѕидови со врвните гипс плочи за изолација на Knauf. Како добри изолатори, Кнауф гипсените плочи се применуваат исклучиво според стандардизираните системи на компанијата за изведба на внатрешни ѕидови. Не заборавајте дека правилно изведените ѕидови го штитат губењето на топлина од загреаните простории кон оние делови што остануваат ладни подолг временски период.

 

Земете го во предвид податокот дека најмногу топлина од вашиот објект се губи преку прозорците и фасадата на објектот. Покрај законските барања, изведбата на објект без термо фасада е еднакво на залудно фрлени пари за непотребни нешта во животот. Заштедата од илјадници денари преку енергетската ефикасност е загарантирана. Ние ви го препорачуваме стиропорот како извонреден изолатор за вашата термо фасада, со поволен сооднос на цена и учинок. Покрај нова енергетски ефикасна фасада, инвестирајте во монтажа на квалитетни ПВЦ прозорци. Сега можете да добиете попуст и до 15% за ПВЦ прозорци и врати.

 

 

6. Внесете убавина и елеганција во вашиот градителски сон

 

Израдувајте се на воздишките од вашите пријатели и соработници кога одблиску ќе ги погледнат поплочените ѕидови и подови од новите простории. Ви препорачуваме плочките за купатило и опремата за бањи да ги купите од ист производител, со што ќе заштедите на време при изведбата на овој дел од вашиот дом или работна просторија. За елегантен изглед на новиот под, размислете за опцијата за изведба на стаклено-порцелански подни плочки од серијата Атена. За љубителите на најпознатите брендови, нашиот избор за вас се керамичките плочки Roberto Cavali. И не заборавајте, поплочувањето на ѕидовите и на подовите е без корист ако не изберете првокласни градежни материјали за лепење на плочки, како и за стиропор дрво, паркет… Нашиот совет е Karbon.

 

 

7. Крајот делото го краси!

 

Потсетете се на изреката „Крајот делото го краси“. Треба да си признаеме дека првиот впечаток за некој објект, во голема мерка доаѓа од дворот, а завршетокот на градежните работи секогаш треба да подразбира и уредување на околината на објектот. Токму тука можете да употребите разновидни комбинации на форми и бои од бехатон плочки и рабници. Бехатон плочките се издржливи и отпорни, имаат нелизгачка површина, а во случај на потреба лесно се прередуваат или отстрануваат. Комплетна патентирана програма на STRAFIX SYSTEM бехатон модели може да погледнете тука.

 

Искрено се надеваме дека со овие препораки успеавме барем малку да ви помогнеме при реализацијата на вашиот градителски сон. Со предлозите што ви ги нудиме можете градењето во претстојнава сезона да го претворите од тежок предизвик во незаборавен подвиг што по убаво ќе го паметите целиот ваш живот!