Јавното претпријатие за државни патишта денеска публикуваше повик за доставување на понуди од проектантски бироа за изработка на основниот проект за автопатот Букојчани – Кичево. Станува збор за една од двете планирани делници на автопатот Гостивар – Букојчани – Кичево, со вкупна должина од 47 километри. Основниот проект за делот од трасата што минува низ кичевскиот регион треба да се изготви во временски период од 18 месеци. Проценките на јавното претпријатие говорат дека изработката на неопходната документација ќе чини околу 860 илјади евра. Огласот е отворен до 12 април.
Автопатската делница Гостивар – Кичево е зацртано да се гради по пат на јавно – приватно партнерство. За овој сегмент од паневропскиот Коридор 8 допрва треба да се објави оглас за пронаоѓање на концесионер којшто ќе вложи во автопатот. За спроведување на целокупната постапка во изминативе години се искористија и консултантски услуги од меѓународната куќа International Finance Corporation.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk