Претходна статија
Започнува со реализација проектот за нов Луна парк во Скопје
Следна статија
СДСМ бара оставка од Трајановски поради новите „барокни“ фасади

Архитектонски конкурс за доуредување на паркот „Македонија“

Објавено на 18.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Паркот „Македонија“ долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе добие нови содржини. Градот Скопје планира да постави едукативни просторни инсталации во зелениот појас на паркот. Градските власти за таа цел денеска го распишаа Конкурсот за избор на две идејно-обликовни и архитектонско-урбанистички решенија. Конкурсот на тема „Во имагинарниот свет на децата“ треба да понуди уникатен дизајн на едукативните инсталации, кои ќе ја поттикнуваат детската фантазија и игра. Градските власти се во потрага по идејни решенија што ќе поттикнат развој на просторните вештини и односи кај децата. Од архитектите се бара да достават трудови што нема да содржат родови и други стереотипи. Помеѓу останатите критериуми, најквалитетното идејно решение треба да предложи инсталации кои ќе бидат изработени од долговечни материјали.

 

 

 

Градот Скопје планира да додели една главна награда во нето износ од 150.000 денари за најквалитетното идејно решение. Трудовите на архитектите треба да се достават до градските власти најдоцна до 6 април. Паркот „Македонија“ изминативе години се уредуваше постепено, заедно со проширувањето на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Некогашните тополи на површина од десетици илјади метри квадратни беа исечени и на нивно место беа насадени млади дрвја и ново хортикултурно уредување.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk