Претходна статија
Приватна компанија ќе го одржува јавното осветлување во Ресен
Следна статија
Основните училишта во Карпош ќе се греат со геотермални пумпи

Половина милион евра за нова “барокна” фасада на улица „Македонија“

Објавено на 17.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Уште една од постоечките згради на централната пешачка зона во Скопје ќе премине во “барок”. Градот Скопје ја избра фирмата „Бауер БГ“ за реконструкција на постојниот објект на улица „Македонија“, број 37. Од градскиот буџет за оваа намена ќе се издвојат финансиски средства од 31.674.019 денари, односно околу 500.000 евра. Со градежниот зафат целосно ќе се промени надворешниот изглед на објектот, и тоа само на онаа страна што гледа кон пешачката улица. Според информациите објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, градежниот зафат ќе се реализира во период од шест месеци.

 

 

 

“Барокизацијата” на зградата е предвидено да се реализира во согласност со изработеното идејно решение на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставревски, кои победија на организираниот архитектонски Конкурс во текот на 2012 година. Тендерот за промена на надворешниот изглед на фасадата на постојниот објект беше објавен кон крајот на декември минатата година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk