Претходна статија
„Скопје 2014“ ќе го проголта и објектот „Метропол“
Следна статија
Половина милион евра за нова "барокна" фасада на улица „Македонија“

Приватна компанија ќе го одржува јавното осветлување во Ресен

Објавено на 17.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Турската компанија „Џемдаг“ ќе го одржува, реконструира и надградува јавното осветлување на територијата на Општина Ресен. По распишаниот јавен повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство, локалната самоуправа го избра најповолниот понудувач за наредните 15 години. Договорот за избор на приватен партнер денес го потпишаа градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски и директорот на компанијата „Џемдаг“ Ибрахим Суха Џем. Вредноста на проектот изнесува 1.250.000 евра, а средствата ќе бидат обезбедени од генерираните заштеди на електрична енергија.

 

 

 

Приватниот концесионер од Турција во наредниот период треба да изврши комплетна замена на постојните 2.400 живини и натриумови светилки со современи ЛЕД диоди, кои ќе гарантираат заштеда на електрична енергија од минимум 60 проценти и ќе придонесат за зачувување на животната средина. Планирано е да се надгради системот за улично осветлување на влезовите во Ресен од правец на Царев Двор и Јанковец. Приватниот партнер ќе формира и кол-центар, преку кој граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите дефекти во уличното осветлување.

 

Планот на општинските власти и на приватниот партнер предвидува од средината на идниот месец да се пристапи кон замена на светилките на целата територија на Општина Ресен.