Претходна статија
Започна санацијата на мостот „Гоце Делчев“
Следна статија
ТЕМА: Изградбата на нови станови - атрактивна цел на инвеститорите во 2015 година

Успешно реализиран проектот „Build Up Skills – BEET“

Објавено на 12.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје денеска беа презентирани резултатите од спроведувањето на ЕУ Стратегијата 2020 на енергетската ефикасност во градежниот сектор во Република Македонија и свечено беа доделени 972 сертификати на градежни работници во пет занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации. Со добивањето сертификатот, на градежните работници им се зголемува конкурентноста на пазарот на трудот. Станува збор за сертификати што ги издава Сертификационо тело во рамките на самиот проект, кои имаат важност во Македонија, Словенија и Хрватска. Дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасни.

 

 

 

Градежните компании и работниците од овој сектор кои имаат веќе стекнато искуство во неформалното образование ја имаа можноста бесплатно да се пријават за да се стекнат со сертификати за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност. Европската комисија за остварување на проектот „Build Up Skills“ во нашата земја одвои финансиски средства во висина од 400.000 евра. Покрај обучените градежни работници, во изминатиов период тренинзите за инструктори и тренери ги минаа дополнителни 200 лица.

 

Конзорциумот за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од Стопанската комора на Македонија, како координатор на проектот, како и Факултетот за електротехника и информатички технологии, Центарот за образование на возрасни, Здружението на бизнис – консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЦеПроСАРД и Факултетот за бизнис и економија од Скопје.