Претходна статија
Ќе се реконструира автопатот Неготино - Демир Капија
Следна статија
Граѓаните утре ќе протестираат пред Општина Карпош поради урбанистичките планови

Градежниот сектор со оптимизам гледа на претстојниот период

Објавено на 05.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, додека за 2 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците имаат поволни очекувања за вкупните порачки за градежни работи, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе остане ист во наредните три месеци. Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во споредба со четвртото тримесечје од 2014 година.

 

 

 

Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки на нивните деловни субјекти се понеповолни во споредба со претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2015 година се над нормалата. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18,9%, зголемени финансиски трошоци со 17,8%, зголемени трошоци за труд со 13% и недостиг на обучен кадар со 12,5%.