Претходна статија
Италијанската „Витило“ отвори втор погон во зоната Бунарџик
Следна статија
Општина Центар и во 2016 година ќе инвестира во термички фасади

Наскоро реконструкција на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир

Објавено на 01.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје објави тендер за избор на градежна фирма што ќе го реконструира булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ на територијата на општина Чаир. Со претстојниот зафат ќе се рехабилитира коловозот и ќе се постави ново улично осветлување на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“, во должина од околу 600 метри. Проценка на градските власти е дека реализацијата на проектот ќе чини околу 1,3 милиони евра. Тендерот за избор на најповолен понудувач е отворен до 22 февруари, за кога е закажано и јавното отворање на пристигнатите понуди.

 

 

 

Паралелно со изборот на изведувач на работите на овој сегмент од сообраќајницата, на терен во моментов се одвиваат градежни активности за пробивање на булеварот кон север, на територијата на општина Бутел. Градот планира годинава да ја искористи за изведба на модерна сообраќајница со шест коловозни ленти на сегментот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до после крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, во должина од 1.000 метри. Само за оваа фаза од капиталниот проект, од градскиот буџет се издвоени 2,6 милиони евра.