Претходна статија
Повик за учество на A' Design Award & Competition 2016
Следна статија
Новиот кинески воз - нов предмет на конфронтација помеѓу политичките партии

Прва фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп

Објавено на 29.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Шпанската компанија „Конструксионес Рубау“ (Construcciones Rubau) ќе ја изведува првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, Јавното претпријатие за државни патишта денеска го потпиша договорот вреден 31,8 милиони евра со изведувачот на градежните работи. Првичната етапа од реализацијата на овој пат го вклучува сегментот од Фаришка до Дреновска клисура во должина од 10 километри, која треба да биде завршена во рок од 24 месеци. Експресниот пат ќе биде широк 12,4 метри, со по една главна лента од 3,5 метри и дополнителна помошна лента од 2,5 метри во секој правец.

 

 

 

Изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп е финансирана од кредитното задолжување на нашата земја кај Европската банка за обнова и развој, која со 305 милиони евра во декември 2014 година се обврза да го поддржи развојот на патната и железничката инфраструктура во земјава. По реализацијата на првата фаза, Јавното претпријатие за државни патишта треба да го избере изведувачот и за втората етапа од проектот, која ја вклучува делницата од Градско преку Росоман до клучката кај Кавадарци во должина од 16 километри. Во последната фаза од проектот треба да се изгради делницата од месноста Тројанци до влезот во Прилеп во должина од 7,5 километри.