Претходна статија
Скопските амбуланти и поликлиники пред реконструкција
Следна статија
Полошкиот регион треба да биде гасифициран за три години

И годинава субвенции за вградување на сончеви колектори

Објавено на 25.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за економија по пат на јавно извлекување ќе ги определи граѓаните што ќе добијат поврат на дел од инвестираните средства за набавка и вградување на сончеви колектори во периодот од 21 јануари до 31 мај годинава. Повратот на средствата изнесува до 30 отсто од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност. Пријавените лица можат да ја искористат субвенцијата ако истите го немаат искористено правото на претходно објавените огласи од минатите години.

 

 

Барателот треба да достави до Министерството за економија изјава дека го нема искористено правото на поврат на дел од средствата во периодот од 2007 до 2015 година, оригинален доказ дека е извршено купување и инсталација на сончев термален колекторски систем, и тоа фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на јавниот оглас. Едно лице може да поднесе само едно барање за надомест на финансиски средства.

 

Барањето со потребната документација треба да се достави до надлежното министерство најдоцна до 31 мај. Јавното извлекување на лицата кои ќе можат да се стекнат со правото на надомест на дел од средствата ќе се одржи на 4 јуни во спортскиот центар „Борис Трајковски“.