Претходна статија
Почнува реконструкцијата на булеварот АСНОМ
Следна статија
И годинава субвенции за вградување на сончеви колектори

Скопските амбуланти и поликлиники пред реконструкција

Објавено на 25.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Објектите на скопските амбуланти и поликлиники ќе се реконструираат, додека на местото на постојните времени бараки ќе се изградат зданија од цврста градба. Министерството за здравство денес го публикуваше тендерот за изработка на проектна документација за објектите на здравствените установи, кој е поделен во два дела. Изготвените проекти ќе послужат за реконструкција и адаптација на постојните, како и за изведба на нови амбуланти и поликлиники во населбите Ѓорче Петров, Лисиче, Карпош, Бардовци и Сарај. Од државниот буџет за оваа намена е проценето дека ќе се издвојат 1.200.000 денари, без вклучен ДДВ. Проектните бироа што се заинтересирани да учествуваат во изработка на оваа документација треба да достават понуди до надлежното министерство најдоцна до 2 февруари.

 

 

 

Дел од овие најавени градежни зафати се вклучени во владината програма за работа во областа на здравствената заштита. Поликлиниката во Сарај треба допрва да се гради како нова здравствена установа. Постоечката ситуација во која се наоѓаат скопските амбуланти е далеку од задоволителна. Многу од нив не се реконструирани со децении наназад, додека дел од нив се сместени во дотраени бараки со девастирани прозорци, врати и опрема.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk