Претходна статија
ЗК „Пелагонија“ инвестираше 20 милиони евра во биогасна електрана
Следна статија
Почнува реконструкцијата на булеварот АСНОМ

Ќе се работи на проект за нова зграда на Психијатриската болница во Демир Хисар

Објавено на 24.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за здравство го распиша огласот за пронаоѓање на проектантско биро што ќе ја изготви проектната документација и ревизијата на проектот за изградба на нова болничка зграда за потребите на Психијатриската болница во Демир Хисар. За изработка на неопходната документација е предвидено да се издвојат финансиски средства од 1,5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Субјектите заинтересирани за учество во тендерската постапка треба да ги достават своите понуди најдоцна до 2 февруари. Подготовката на проектната документација е одвоена како тендер од изработката на ревизија на истиот проект.

 

Психијатриската болница во Демир Хисар е основана во 1956 година, и до денешен ден, дел од овој здравствен капацитет функционира во објекти од времен карактер. Постоечкиот капацитет на болницата изнесува 500 легла, иако на годишно ниво во истата се лекуваат околу 1.000 пациенти во болничкиот дел и уште толкав број на лица во дневните болници и во Центарот за ментално здравје.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk