Претходна статија
Пуштен во употреба 400 kV далновод помеѓу Македонија и Србија
Следна статија
Ќе се работи на проект за нова зграда на Психијатриската болница во Демир Хисар

ЗК „Пелагонија“ инвестираше 20 милиони евра во биогасна електрана

Објавено на 22.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонија ја доби втората биогасна електрана на својата територија. ЗК „Пелагонија“ преку својата фирма „Пелагонија Енерџи“ од Битола инвестираше околу 20 милиони евра во реализација на биогасна електрана и современа фарма во пелагонискиот регион. Инсталираниот капацитет на новиот енергетски објект изнесува 3 мегавати и во него ќе се преработува арското ѓубриво и заедно со фуражната пченка ќе се добива биогас. Електраната ќе произведува зелена енергија од обновливи извори, кои истовремено ќе значат и преработка на органскиот отпад од новоизградената фарма во склоп на ЗК „Пелагонија“.

 

Целокупната проектна документација, технологијата и опремата се набавени од италијанската фирма „Рота Гвидо“, додека од „Џенерал електрикс“е купена опремата за производство на електрична енергија. Од ЗК „Пелагонија“ во наредниот период планираат да инвестираат дополнителни 20,5 милиони евра во уште една биогасна електрана кај селото Породин. Во плановите на оваа компанија е впишан и проектот за изградба на стакленици на две централи на површина од 10 хектари.