Претходна статија
610 илјади евра за реконструкција на осум училишта во земјава
Следна статија
Значајни инфраструктурни проекти ќе се реализираат во Куманово

Создадени сите предуслови за изградба на новото училиште во Капиштец

Објавено на 22.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советниците на општина Центар денеска едногласно ја донесоа одлуката за формирање на ново основно училиште „Капиштец“. За оваа одлука гласаа советниците од сите политички партии, со што Општина Центар ја доби можноста да подигне кредит во износ од 297.750.000 денари, односно околу 4,8 милиони евра. Веднаш по потпишувањето на договорот за заем, локалната самоуправа треба да го распише тендерот за избор на градежна компанија што ќе ги изведува работите на терен. Општинарите во изминатиов период работеа на рушење на постоечките бараки помеѓу улиците „Васил Ѓорѓов“ и „Адам Мицкијевиќ“, откако Министерството за транспорт и врски и ја даде во владение парцелата со површина од 3.142 метри квадратни.

 

 

 

Идејното решение за новото основно училиште „Капиштец“ е дело на архитектите Бесиан Мехмети, Стефан Атанасовски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи. Современото здание ќе се простира на површина од 10.600 метри квадратни и ќе обезбеди адекватен училишен простор за 500 деца на возраст од 6 до 15 години. Објектот ќе има ботаничка градина и околни зелени површини, со соодветен пристап на лица со посебни потреби, со заштитна тампон зона меѓу влезот во училиштето и околните сообраќајници, како и со обезбеден паркинг простор.

 

„Училиштето ќе биде изградено со примена на современ архитектонски израз и високо-квалитетни материјали. Ќе се учи преку интеративни табли, учениците ќе поседуваат таблети, поврзани со безжична интернет мрежа. Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремена опрема, неопходна за квалитетно образование на децата. Греењето ќе биде подно и во секоја училница ќе има спроведено вода. Во зимски услови, водата во тоалетите ќе се грее преку топлотната мрежа, со што ќе се постигне идеална температура во просториите“, посочуваат од Општина Центар.