Претходна статија
Германски „Акомпласт“ вложува 3 милиони евра во фабрика во Прилеп
Следна статија
Реконструкција на охридската болница „Св. Еразмо“ до крајот на 2018 година

Општина Илинден лидер, останатите општини каскаат со легализацијата на објектите

Објавено на 14.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од вкупно 6.152 барања, Општина Илинден до денес легализирала 4.637 бесправно изградени објекти, и со тоа успешно завршила околу 75% од вкупниот број на доставени барања од граѓаните. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заедно со градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, денеска додели триесетина решенија за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на оваа локална самоуправа. Но, позитивниот пример на Општина Илинден не е следен од останатите локални власти во земјава. Според последните информации што ги потврдија од Министерството за транспорт и врски и од Агенцијата за катастар на недвижности, во изминатиов период се легализирани околу 140.000 објекти врз основа на поднесени барања од граѓаните.

 

 

 

Ако се спореди денешната состојба со периодот од пред половина година, на територијата на сите македонски општини била завршена процедурата за легализација на само 10.000 објекти. Оваа бројка е далеку од вкупно поднесените 350.000 барања за легализација на дивоградбите, податок кој покажува дека допрва треба да се решат уште 210.000 случаи на бесправно изградени објекти. Крајниот рок за доставување на геодетски елаборат за сите барања истекува на крајот од 2016 година. Она што останува и понатаму нејасно е податокот до кој краен рок македонските општини ќе можат да ги решат сите поединечни случаи во однос на легализацијата на бесправно изградените објекти.

 

Министерот Мисајловски упати апел до сите граѓани да ги достават своите нови барања за легализација на дивоградбите најдоцна до 31 март годинава, потсетувајќи притоа дека дополнителните апликации од граѓаните ќе мора да бидат дополнети со геодетски елаборат до крајот на 2017 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk