Претходна статија
Наместо гаража во „барок“, Општина Центар ќе инвестира во ново училиште во Капиштец
Следна статија
Центарци ќе добијат 1.000 нови паркинг места

„Квинс“ и „Тинекс“ ќе управуваат со етно – селото во Нерези

Објавено на 13.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Избран е нов концесионер на етно – селото во Нерези. Според пишувањето на „Утрински весник“, комплексот ќе биде управуван од фирмите „Квинс“ и „Тинекс“, кои понудиле месечен надоместок од 3.500 евра, со вклучен ДДВ. Концесијата за управување и стопанисување со етно – селото ќе трае 20 години, со што државата за целиот концесиски период, по основ на надоместокот кој ќе го добива, ќе успее да поврати само 840.000 евра од севкупната инвестиција во проектот, која изнесуваше над 6,7 милиони, средства издвоени од државниот буџет

 

 

 

Во меѓувреме Службата за општи и заеднички работи при Владата објави оглас за изработка, набавка и монтажа на опремата, која треба да им го одреди правецот на движење на туристите кон етно – селото. Таблите, патоказите и ознаките на туристичкито комплекс, се проценува дека ќе чинат околу 300 илјади денари.

 

Комплексот „Македонско село“ се простира на површина од 15.000 метри квадратни. Се состои од традиционални куќи од велешко, битолско, струшко, прилепско, кратовско, беровско, делчевско, кумановско, тетовско, како и од реканскиот регион и од Скопска Црна Гора. Комплексот располага со традиционален ресторан, простор за продажба на сувенири и сместувачки капацитети. Според првичните најави, „Македонско село“ требаше да биде ставено во функција пред повеќе од три години.