Претходна статија
Втор повик за пронаоѓање инвеститор за театарот „Центар“
Следна статија
Академик Марко Мушич: Никој ме нема известено за двата нови факултети во кампусот на УКИМ

Општина Куманово ќе гради и отворен базен

Објавено на 03.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Веднаш до новиот затворен базен во Куманово, локалната самоуправа ќе изгради отворен базен со помошни објекти, партер и ограда. Општина Куманово распиша оглас за избор на градежна компанија која ќе го реализира спортскиот објект, чија проценета вредност изнесува околу 930.000 евра. Според тендерските услови, отворениот градски базен треба да биде завршен во рок од 12 месеци. Заинтересираните градежни компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 20 јануари. Изведбата на спортското здание ќе се реализира со финансиски средства на Општина Куманово.

 

* Новиот затворен базен во Куманово; Фото: октомври, 2015 година

 

 

Со реализација на планираниот отворен базен, Куманово треба да го добие вториот најголем спортски комплекс во Македонија, веднаш по спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Затворениот базен, кој се наоѓа до веќе постоечката спортска сала во градот, треба да биде пуштен во употреба во мај годинава. Општина Куманово во објектот од 4.000 метри квадратни инвестираше околу 2,2 милиони евра. Покрај спортската сала, затворениот базен и идниот отворен базен, целокупната површина во претстојниот период е предвидено да се дооформи со комерцијален објект од околу 2.500 метри квадратни, кој е зацртан за спортски хотел со СПА центар.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk