Советот на општина Чаир, на предлог на градоначалникот Изет Мемети, донесе одлука за замена на целокупниот возен парк на општината со нови еколошки возила на електричен погон. Возилата ќе бидат корисни за животната средина, но ќе бидат и поекономични, бидејќи се овозможува заштеда на средства од општинскиот буџет. Покрај тоа што ќе биде првата македонска општина што целосно ќе го замени стариот возен парк, Општина Чаир наскоро ќе го постави првиот полнач за електрични автомобили на нејзина територија.
Локалните власти планираат овој проект да го покренат и на ниво на Град Скопје и ЗЕЛС, со цел истиот да се прошири. Постапката за продажба на постојните општински возила е во тек, а јавната набавка на пет автомобили на електричен погон ќе биде објавена по 15 јануари 2016 година.