Претходна статија
Се подготвува реконтрукција на главната улица во Сарај
Следна статија
Најпопуларните објави во 2015

Гостивар доби филтер станица за вода

Објавено на 30.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Граѓаните на Гостивар ќе пијат филтрирана и здрава вода. Заврши изградбата на филтер-станицата на гостиварскиот водовод, со што се реши долгогодишниот проблем за користење на квалитетна вода за пиење во градот и околните населени места. „Проектот чинеше 2.000.000 евра и се инвестираше од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Гостивар го купи земјиштето каде што се изгради пречистителната станица, како и учествуваше во изградбата на трафо-станицата од каде што објектот се снабдува со електрична енергија. Јавното комунално претпријатие ги поврза водоводните цевки со филтер-станицата“, вели гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта. Реализацијата на проектот доцни речиси три години.

 

* Извор на фотографија: Општина Гостивар

 

Дополнителни финансисии во висина од 100.000 евра вложија Општина Гостивар и јавното комунално претпријатие. Во претстојниот период е предвидено проширување на водоводната мрежа кон селата Чегране и Форино. Во Гостивар се спроведува и проект за замена на азбестните со ПВЦ цевки, кој треба да се заокружи во текот на 2016 година. Овој проект претставува соработка меѓу централната власт, Општина Гостивар, Швајцарската агенција СЕЦО и Германската КфВ банка.