Претходна статија
Започна изградба на црква кај „Скопје сити мол“
Следна статија
Нови студентски домови и универзитет ќе се градат во Скопје

Сенатот на УКИМ да одлучува за двете „барокни“ згради

Објавено на 20.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Професорскиот пленум побара свикување на итна седница на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која Ректорот треба да одговори на повеќе прашања поврзани со неодамнешниот почеток на изградбата на објектите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во универзитетскиот кампус. „Бараме свикување итна, вонредна ЈАВНА седница на Сенатот, најдоцна до среда 23.12.2015, со присуство на претставници на Студентскиот пленум, М.О. „МУГРА“, Професорскиот пленум и медиумите“, се наведува во соопштението на Професорски пленум.

 

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)Факултет за физичко образование, спорт и здравје

 

 

Професорите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ бараат седница на Сенатот на која ќе се разгледаат прашањата за тоа дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот, во доцните ноќни часови, дали имало официјален повик и кој го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот, во понеделникот на 14.12.2015 година. Од Професорскиот пленум бараат информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на Кампусот за општествено – хуманистички науки.

 

Студентскиот пленум деновиве поднесе пријава за инспекциски надзор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во однос на почетокот на изградбата на двете нови факултетски згради. Студентите откриле дека двата планирани објекти не го почитуваат Законот за градба и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Од Студентски пленум забележуваат за можно прекршување на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање при планирањето на двете нови згради.

 

„Согласно овој Правилник, односно неговиот член 24, минимален норматив за пресметување на најмала површина на градежна парцела за категорија В1 – образование и наука (високо образование) е 30 м2 по ученик на високообразовната институција. Наспроти тоа, градежната парцела која е предвидена во Деталниот урбанистички план за соодветниот локалитет (Општина Центар, локалитет Крњево 1, Урбан Блок 1) има површина од 91.779 метри квадратни. Земајќи го предвид апроксимативниот број на студенти на веќе – постоечките три факултети (Правниот, Економскиот и Филозофскиот) и оној на новопланираните, евидентно е дека површината е премала“, посочуваат од Студентски пленум.