Претходна статија
Цената на билет во автобусите на ЈСП останува 35 денари
Следна статија
Сенатот на УКИМ да одлучува за двете „барокни“ згради

Започна изградба на црква кај „Скопје сити мол“

Објавено на 19.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Поставен е камен – темелник за православниот храм „Христос Спасителот“ во скопската населба Карпош 3. Верскиот објект се гради на парцела зад трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, локација која подолго време беше предвидена за изградба на црква. На свечениот црковен чин, на кој воедно даде благослов и ја одржа свечената литургија за изградба на црквата, присуствуваше поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан заедно со своите свештенослужители. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на жителите на оваа скопска општина им најави дека ќе се градат уште неколку цркви.

 

* Извор на фотографија: Општина Карпош

 

 

„Покрај овој свет храм, камен темелник ќе поставуваме веќе наредната недела во населбата Влае, како и уште една црква во Козле во близина на споменикот „Кузман Јосифовски Питу“. Во потрага сме по локација за четврти храм на територијата на Карпош, и тоа во Карпош 1 и 2 и со тоа сметаме дека во најголем дел на подрачјето на Карпош, ќе биде покриено со православни божји храмови“, рече Јакимовски.

 

Градоначалникот Јакимовски побара од граѓаните да се вклучат со свој придонес во побрза и поквалитетна изградба на црквата. Ктитор на храмот „Христос Спасителот“ е Зоран Антич, а проектот за верскиот објект е изработен од „Синдикат студио ДОО“ од Скопје.