Претходна статија
Почнува проектот за унификација на излозите во Скопската чаршија
Следна статија
Започна изградба на црква кај „Скопје сити мол“

Цената на билет во автобусите на ЈСП останува 35 денари

Објавено на 19.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје и ЈСП денеска се одлучија да ја повлечат предложената одлука за цената на дел од билетите за јавен градски превоз. Наместо првично најавените 60 денари, билетите за едно возење купени во автобусите на ЈСП и понатаму ќе изнесуваат 35 денари. Според градските власти, со новиот електронски систем за плаќање ќе се намали цената на билетите. Билетот за ноќно возење со автобус ќе изнесува 40 денари, билетот за 10 возења ќе ја има цената од 250/300 денари, во зависност од зоната. Од Градот информираат дека цената на месечниот билет е намалена за 60 денари, и тоа од 1.460 на 1.400 денари, за првата зона, а 1.600 денари за возење во двете зони.

 

 

 

Најголемо намалување од 660 денари кај цената на билетите на ЈСП-Скопје е кај годишниот билет, кој наредната година ќе чини 15.400 денари. Опциите за плаќање со електронска картичка и мобилен телефон овозможуваат нови можности за користење на јавниот превоз. Временски билет за неограничен број возења во период од 90 минути ќе изнесува 60 денари, додека дневен билет за неограничен број возења ќе чини 120/150 денари во зависност од зоната. Со предложениот тарифник, се воведуваат неделен билет, како и билет со важност од три и шест месеци.