Претходна статија
Струмица го надмина проблемот со поплавување на делови од градот
Следна статија
163 електроцентрали произведуваат „зелена енергија“ во Македонија

Државата ќе изработува и урбанистички планови за градовите

Објавено на 15.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Уште една надлежност на македонските локални самоуправи од наредната година ќе се префрли во надлежност на државата. Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за доставување на предлози за изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – плански документации и урбанистичко – проектни документации во македонските општини. Сите предлози ќе треба да се достават до надлежното министерство најдоцна до 18 јануари 2016 година. За периодот од 2016 година, целокупната урбанистичко – планска документација ќе се изготвува од Агенцијата за планирање на просторот.

 

 

 

Изработката на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – плански документации и урбанистичко – проектни документации е планирано да се финансира од Буџетот на Република Македонија. Од Министерството за транспорт и врски наведуваат дека оваа документација по исклучок ќе може да се финансира и од локалните буџети, од буџетот на Град Скопје и од заинтересирани физички и правни лица.

 

Основната функција на Агенцијата за планирање на просторот е изработка и учество во изработката на повеќе стратешки документи, особено на оние кои се во програмата на Владата на Република Македонија. Работењето на овој субјект претставува континуитет во работењето на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, кое датира од 1996 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk