Претходна статија
ЕБОР ќе ги разгледа препораките од Советот на Европа за „Бошков мост“
Следна статија
За 79,2% пораснал бројот на предвидени станови во октомври

Студентски пленум против „барокизација“ на универзитетскиот кампус

Објавено на 09.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Студентски пленум смета дека најавата за изградба на два факултети во „барок“ стил од Министерството за образование и наука претставува навреда за студентите. Проектот за издигнување на овие објекти од „Скопје 2014“ за студентите е проблематичен од повеќе причини. „Првично, според наши сознанија, Сенатот никогаш не донесол одлука за воопшто градење на нови објекти во склоп на кампусот при УКИМ. Со тоа сметаме дека наметнатата одлука за изградба на овие објекти е своевиден упад во автономијата. Второ, самата локација е проблематична, затоа што овој кампус веќе има проблеми со бројот на студенти. Исто така, проблематичен е изборот на барокниот стил“, истакнува Орхан Сулејмани од Студентски пленум.

 

 

 

Покрај студентите, во текот на спроведување на архитектонскиот Конкурс реагираа и македонските архитекти, кои укажаа дека со овој зафат се турка владиниот проект „Скопје 2014“ во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во текот на целата постапка, од надлежното министерство не излегоа со став дали добиле согласност од архитектот на изворното идејно решение на кампусот за евентуална интервенција во неговиот авторски труд.

 

 

 

Изградбата на двата објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе ги чини македонските граѓани околу 20 милиони евра. Автор на „барокните“ идејни решенија за овие образовни зданија е Жарко Чаушевски, додека основниот проект го изработи фирмата „Архитектоника“ од Скопје.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk