Ќе се изготвува студија и основен проект за рехабилитација на хидро мелиоративниот систем „Дебарско Поле“. Со тоа започнува процесот за реконструкција на системот за наводнување во дебарскиот регион, кој веќе неколку години е неупотреблив за земјоделците. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство проценува дека изработката на проектната документација ќе чини околу 200 илјади евра и очекува да биде комплетирана во рок од една година.
Системот за наводнување „Дебарско Поле“ не функционира повеќе од осум години поради контиунираното крадење на пумпи, трансформатори, градежни материјали и други елементи од системот. Изграден е во 1972 година за да обезбеди наводнување на преку 600 хектари плодно земјиште од дебарскиот регион.