Претходна статија
Ќе се гради нов објект на Домот на културата во Автокоманда
Следна статија
Се продава земјиште за откупно - дистрибутивни центри во Василево

Доцни изградбата на новиот театар и библиотека во Тетово

Објавено на 01.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Една година по поставување на камен – темелникот, новиот објект на театарот и градската библиотека во Тетово е заглавен во измени и дополнувања на проектната документација. Наместо да биде во напредна фаза од изградба, културната установа „Иљо Антески – Смок“ пред неколку дена потпиша договор за минимизација на целокупниот проект за предвидениот објект, на која треба да се работи во наредните три месеци. Зацртаните измени и дополнувања ќе ги изработи студиото „Бесиан Мехмети Архитектс“ и студиото „БИНА“ на архитектот Бекир Адеми, за сума од 4,5 милиони денари.

 

 

 

Објектот со површина од 15.000 метри квадратни ќе се состои од голема и мала театарска сала, кино сала, библиотека во која би се сместиле 500.000 книги, простории за комерцијални намени и подземен паркинг со капацитет за 221 возило. Вкупната вредност на инвестицијата е околу 13,3 милиони евра. Изведувач е фирмата „Урбан План Конструкти“ од Тетово која треба да заврши со изградбата најдоцна до 2017 година

 

Уште при самиот почеток на изградбата на објектот, изведувачот се соочи со проблемот за дислокација на постоечкиот трансформатор на ЕВН, лоциран на парцелата за градење. И покрај сето ова, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска при неодамнешната посета на Тетово истакна дека градежните работи за реализација на новиот културно – образовен центар се во тек.