Градежната компанија „Бетон“ од Штип бележи позитивни резултати од работењето во текот на 2015 година. Во периодот јануари – септември 2015 година е остварена вкупна добивка од 43.758.000 денари (710 илјади евра), што е за 64% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во неревидираниот консолидиран биланс на успех на оваа фирма влегува и остварената добивка на фирмите „Омега билдинг“ од Штип и „Делта 2015 Констракшн“ од Скопје. Остварените оперативни приходи изнесуваат 479.090.000 денари и истите се помали за 9% во однос на јануари – септември 2014 година
Оперативните расходи во првите девет месеци од годинава изнесувале 399.886.000 денари, што претставува пад од 20% во споредба со истиот период лани. Оперативната добивка на штипски „Бетон“ и на преостанатите две фирми се зголемила првенствено од приходите од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.