Претходна статија
Автопатот Демир Капија - Смоквица се гради со инoвaтивните системи на Doka
Следна статија
Добивката на штипски „Бетон“ зголемена за 64% во 2015 година

6,5 милиони евра ќе чини новиот скопски Луна парк

Објавено на 28.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После четири години неуспешни обиди и тапкање во место, се чини дека скопската градска власт конечно започнува со конкретни активности за изградба на нов Луна парк. Градот планира да купи два адреналински, шест семејни и 18 детски реквизити, а одлуката за набавка треба да се донесе во текот на наредната недела. Засега нема официјална најава кога точно ќе почнат градежните работи, но 2018 е зацртана како година кога новиот забавен парк треба да биде завршен. Вкупната инвестиција за градежни активности, набавака на реквизити и слично, се проценува дека ќе биде во висина од 6,5 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени од градскиот буџет во наредните три фискални години.

 

###

 

 

###

 

 

Новиот Луна парк ќе се гради на местото на стариот, а ќе го опфати и просторот кадешто сега се наоѓаат летните дискотеки во Градскиот парк, со што вкупната површина ќе порасне од 25.327 метри квадратни на околу 40.000 метри квадратни. Годишниот капацитет на забавниот парк би бил 200.000 посетители.

 

Идејното решение (автори: Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев) предвидува и едукативен мултимедијален центар посветен на Месечината, небесните тела и астрономијата, како и две активности вон границите на забавниот парк, со кои нема да се уништи зеленилото од Градскиот парк. Првата е поврзување со каналната мрежа во Градскиот парк, за педалински сообраќај и рекреација, што би се овозможило преку поврзување со крак и изведба на два моста. Втората е воз кој би се движел низ целата површина на Градскиот парк, по пруга на столбови.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект