Претходна статија
Се реконструира скијачката патека во Нижеполе
Следна статија
Бесплатни проекти за типски куќи од денеска достапни за граѓаните

Нова фабрика вредна 6,5 милиони евра отворена во Општина Илинден

Објавено на 25.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На површина од 6.000 метри квадратни, компанијата „Гранд фудс корпорејшн“ во Општина Илинден го отвори еден од најголемите погони на Балканот и во Југоисточна Европа за производство на кроасани. Инвестицијата во новата фабрика изнесува 6,5 милиони евра и истата овозможи отворање на 200 нови работни места. Индустрискиот објект е лоциран во економската зона Марино – Кадино и претставува еден од најголемите проекти досега реализирани во Општина Илинден.

 

* Извор на фотографија: Општина Илинден

 

Новиот индустриски капацитет е во целост инвестиција на „Гранд фудс корпорејшн“, а  на денешната свеченост по повод отворањето присуствуваа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на општината Жика Стојановски и сопственикот на фирмата Стоимен Јордановски.