Претходна статија
Намалување на бројот на превезени патници во автобускиот превоз
Следна статија
Архитектот Мартин Гулевски добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015 година

Булеварот „АСНОМ“ догодина ќе се реконструира

Објавено на 20.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје бара фирма што ќе го реконструира булеварот „АСНОМ“ во населбата Ново Лисиче. Првата подфаза од овој инфраструктурен проект опфаќа рехабилитација на коловозот на потегот околу раскрсницата на оваа сообраќајница со улицата „Февруарски поход“ во должина од 428 метри. Градот предвидува дека зафатот ќе чини околу 720 илјади евра, а градежните работи да завршат догодина. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди на тендерот најдоцна до 9 декември.

 

 

 

Пред повеќе од две години, Град Скопје го започна проектот за продолжување на булеварот АСНОМ кон населбата Горно Лисиче, со кој беше зацртано да се догради трасата кон улицата „Тодор Чангов“. Пролетва беше претставена уште една идеја за проширување на оваа сообраќајница од населбата Аеродром кон Ќерамидница, со што општините Аеродром и Гази Баба би се поврзале со уште едно булеварско решение.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk