Автотранспортните претпријатија во земјава се соочиле со намален обем на работа во периодот јули – септември 2015 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е заокружен на 9.938.000 патници, односно е намален за дури 27,9% во споредба со периодот јули – септември 2014 година. Со приградскиот автобуски превоз се транспортирани 6.068.000 патници, што е за 3,2% повеќе во однос на идентичниот период лани. Меѓуградскиот превоз во третото тримесечје од 2015 година бележи раст од 5,5%, односно автобусот за патување меѓу македонските градови го искористиле 1.800.000 патници.
Mеѓународниот автобуски превоз во третиот квартал од 2015 година постигнал пад од 8,4%, што произлегува од податокот дека од земјава кон странство со автобус патувале 217.000 патници. Во однос на периодот јули – септември 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 29%, во приградскиот превоз е опаднат за 2,4%, додека во меѓуградскиот превоз тој бележи пад од 1%. Во меѓународниот транспорт е констатирано зголемување на бројот на изминати патнички километри за 2,8% во споредба со истиот период лани.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk