Претходна статија
Успешен бојкот на манифестацијата „АСК - Архитектура Скопје“
Следна статија
4,1 милиони евра за реконструкција на автопатот Смоквица - Гевгелија

„Гранит“ ќе работи на нови проекти во вредност од 8,8 милиони евра

Објавено на 19.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје во изминатиов период склучи нови договори со вкупна вредност од 544.345.411 денари, односно околу 8,8 милиони евра. Оперативата на оваа компанија ќе ја реконструира и надградува автопатската делница Смоквица – Гевгелија, ќе го гради централниот цевковод за канализација во Општина Струга и ќе интервенира на свлечиштата на патиштата Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка и Кратово – Страцин. Во низата на склучени договори е и оној за непредвидените активности и вишоци на работи за изградба на регионалниот пат кон населбата Сончев град. „Гранит“ во наредните шест месеци исто така ќе набави и постави сообраќајни знаци и опрема за најважните државни патишта, и тоа од Штип до граничниот премин Ново Село, од Куманово до граничниот премин Деве Баир, од Прилеп до Битола и од Гостивар до Кичево.