Претходна статија
„Гранит“ ќе работи на нови проекти во вредност од 8,8 милиони евра
Следна статија
Штип го доби највисокиот станбен комплекс во источна Македонија

4,1 милиони евра за реконструкција на автопатот Смоквица – Гевгелија

Објавено на 19.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До крајот на 2016 година по автопатската делница од Смоквица до Гевгелија ќе се вози по реконструиран коловоз. Со финансиски средства од Европската комисија, скопски „Гранит“ ќе изврши поставување на нов асфалт, а дел од трасата (помеѓу селата Смоквица и Прдејци во должина од 6,72 километри и помеѓу Негорци и Гевгелија во должина од 3,43 километри) ќе се надгради со трета коловозна лента. Овој проект се спроведува преку Министерството за финансии.

 

 * Автопатската делница Смоквица – Гевгелија

 

 

За реконструкција и надградба на оваа делница од патниот Коридор 10 се обезбедени финансиски средства во висина од 255.464.850 денари, или околу 4,1 милиони евра. Покрај санацијата на коловозот, долж целата траса ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација, банкини и заштитници. Севкупните градежни работи треба да се завршат во рок од 12 месеци. Тендерот за овој проект беше објавен кон средината на септември на интернет – страницата за развој и соработка на Европската комисија „EuropeAid“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk