Обновата на манастирот Трескавец во Прилеп ќе заврши до крајот на 2018 година. Заводот и музеј – Прилеп денеска објави оглас за реализација на најавената конзервација, реставрација и реконструкција на конаците на овој вреден културно – уметнички споменик. Проценките говорат дека санациониот зафат на конаците што изгореа во пожарот од февруари 2013 година ќе чини 133.700.000 денари, или над 2,1 милиони евра без вклучен ДДВ. Изведбените активности за издигнување на конаците е зацртано да се завршат во рок од 36 месеци. Изведувачот ќе работи врз основа на изготвениот основен проект, кој од Заводот и музеј – Прилеп беше комплетиран во изминатиов период.
* Извор на фотографија: Министерство за култура
Со објавениот тендер треба да се изградат западниот, источниот и северниот конак од манастирот Трескавец. Во меѓувреме, стручните служби работат на конзервација на црквата, трпезаријата, магерницата и на камбанаријата од овој комплекс. Со реализацијата на проектот целосно ќе се обнови уништениот сегмент од манастирот Трескавец.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk