Претходна статија
Пуштен во употреба новиот кинески воз на МЖ
Следна статија
Распишан тендерот за реконструкција на блокот А од домот „Гоце Делчев“

„Гранит“ годинава остварил добивка од 2,9 милиони евра

Објавено на 16.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нема промени во позитивното финансиско работење на градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Според неконсолидираниот и неревидиран извештај објавен на веб – страницата на Македонска берза, овој стопански субјект во периодот јануари – септември 2015 година остварил вкупна добивка во износ од 182.249.000 денари, односно околу 2,9 милиони евра. Споредено со истиот период од минатата година, профитот на најголемата градежна фирма во земјава е опаднат за 1%.

 

 

 

Стагнацијата во делот на добивката е последица на зголемувањето на оперативните расходи на компанијата. Во првите девет месеци од годинава тие достигнале 2.603.181.000 денари. Наспроти нив, оперативните приходи на скопски „Гранит“ пораснале за 8% и изнесувале 2.692.146.000 денари. Главната причина за зголемувањето на приходите е изведбата на градежни работи на странските пазари, од каде што приходите од продажба се повеќе од двојно зголемени.