Претходна статија
Нови 120.000 евра за довршување на плоштадот „Пресвета Богородица“
Следна статија
Пуштен во употреба новиот кинески воз на МЖ

Македонските градежници во иднина со помалку работа во странство

Објавено на 15.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во наредниот период ќе се намалува бројот на градежни проекти на кои ќе работат македонските компании на странски пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2015 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3.286.333.000 денари (53,4 милиони евра), што е за 53,3% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Градежната оператива на нашата земја во странство во истиот период извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.914.606.000 денари (31,1 милион евра), што претставува пораст од 102,6%.

 

 

Македонските градежни компании во периодот јануари – септември 2015 година бележат зголемен обем на извршени градежни работи во Косово, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови странски пазари за работа се јавуваат Полска, Словенија и Грција.