Претходна статија
Конечно поставен камен темелник за затворениот базен во Охрид
Следна статија
Скопски „Бетон“ бележи раст на добивката од 35,61%

Градежните фирми очекуваат повеќе работа во наредниот период

Објавено на 13.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Повеќе вработени лица и зголемување на порачките во градежниот сектор – ова се очекувањата на македонските градежници за претстојниот период. Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, додека за 1,8 процентни поени е зголемен во однос на истиот период лани. Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на претходните три месеци, а поповолна е и во споредба со третото тримесечје од 2014 година.

 

 

 

Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки е поповолна во однос на претходното тримесечје. Раководителите на компаниите очекуваат во наредниот период да се зголемат продажните цени во градежништвото. Според нив, бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во моментов се над нормалата. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемените трошоци за материјали со 20,3%, зголемените финансиски трошоци со 20%, недостигот на обучен кадар со 14,6% и зголемените трошоци за труд со 14,3%.