Претходна статија
Септември носи намален број на предвидени станови за градење
Следна статија
Ќе се гради уште еден бункер за акцелератор во Клиничкиот центар

Работниците бесплатно можат да се стекнат со сертификати за енергетска ефикасност

Објавено на 09.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На градежните фирми им се нуди можноста бесплатно да ги сертифицираат оние работници кои во изминатиов период се стекнале со одредени познавања преку неформални обуки или работно искуство на досегашни проекти. Работниците со обезбедувањето на овој сертификат ќе потврдат дека се обучени да ги применуваат принципите на енергетска ефикасност во градби. Ова беше истакнато од проектниот менаџер Јадранка Аризанковска на денешната прес – конференција на Стопанската комора на Македонија на тема: „Сертифицирање на 1.000 градежни работници за обезбедување енергетски ефикасна градба“. Рокот за пријавување е пролонгиран до 27 ноември.

 

 

 

Сертификатите ги издава Сертификационото тело во рамките на проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)“, а што истите ќе имаат важност во Македонија, Хрватска и Словенија. Дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. Со процесот на препознавање на претходно стекнато знаење во рамките на овој проект ќе бидат опфатени 1.000 градежни работници. Откако издавањето на сертификатите ќе се комплетира, предвидено е да следи обука на педесет градежни работници кои немале претходно искуство да бидат обучени за енергетска ефикасност.