Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска ја пушти во употреба улицата Кемал Сејфула во општина Бутел, која што во изминатиов период се рехабилитираше на потегот од крстосницата со улицата Ферид Бајрам до крстосницата со улицата Босна и Херцеговина, во должина од 375 метри. Зафатот се состоеше од поставување на нов асфалт на коловозот и ја чинеше градската каса 10 милиони денари. Рехабилитацијата на овој сегмент од улицата Кемал Сејфула претставува втора фаза од целосната реконструкција на оваа значајна сообраќајница, која ги поврзува општините Бутел и Чаир. Градот Скопје во 2010 година ја реализираше реконструкцијата на улицата Кемал Сејфула на потегот од крстосницата со булеварот Џон Кенеди до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Ферид Бајрам.