Претходна статија
Комплексот „Милци“ ќе се поврзе со автопатот од Коридор 10
Следна статија
Промоција на книгата „Патот на еден архитект“ од професорот Георги Константиновски

Продадени пет локации за градење во индустриската зона „Прилеп 2“

Објавено на 06.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Прилеп денеска продаде пет градежни парцели од индустриската зона „Прилеп 2“, лоцирана во населбата „Сточен пазар“. Приватните компании пројавија голем интерес за купување на земјиштето на кое е планирано да се градат сервиси, стоваришта и фабрики од лесната и незагадувачка индустрија. Градежните парцели со површина од 710 до 1.458 метри квадратни се продадоа по цена од 161 до 1.361 денари за метар квадратен. Помалите парцели успеаја да постигнат повисока цена на електронското јавно наддавање.

 

 

 

Индустриските објекти во зоната „Прилеп 2“ е предвидено да имаат максимум приземје и два ката. Инвеститорите ќе имаат рок од девет месеци за да прибават одобрение за градење од Општина Прилеп.