Претходна статија
Архитектонско предавање на Кристоф Фелгер во Скопје
Следна статија
Продадени пет локации за градење во индустриската зона „Прилеп 2“

Комплексот „Милци“ ќе се поврзе со автопатот од Коридор 10

Објавено на 06.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повеќе од една година од склучувањето на договорот, денеска започна изградбата на патната инфраструктура за поврзување на комплексот „Милци“ со автопатот од Коридорот 10. Хотелите, казината и индустриските објекти во близина на граничниот премин „Богородица“ треба да се поврзат со нова клучка и сообраќајна мрежа на автопатот. Сервисниот пат со натпатникот треба да обезбедат полесно вклучување и исклучување на посетителите на објектите од комплексот „Милци“. Градежните работи за изведба на патната инфраструктура треба да завршат во рок од шест месеци.

 

 

 

За изведба на примарната и на секундарната патна мрежа, од локалниот буџет на општина Гевгелија ќе се потрошат 66.993.134 денари, односно околу 1,1 милиони евра. За изведувач на работите е избрана фирмата „ЕУРОИНГ Ѓорѓе“ од Гевгелија.