Претходна статија
Пругата од Битола кон грчката граница ќе се заврши во предвидениот рок
Следна статија
Киното „Манаки“ во Битола ќе биде завршено за 12 месеци

200 илјади евра за уредување на излетнички места

Објавено на 05.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Неколку излетнички места во југоисточниот дел од земјава ќе се уредуваат за да се збогати постоечката туристичка понуда. Центарот за развој на југоисточниот плански регион денеска објави тендер за изведба на градежни работи за уредување на четири излетнички места во околината на Струмица и Гевгелија. На Габровските водопади во близина на Струмица е планирано да се изведе парково уредување, партерно ќе се уреди локалитетот Смрдлива вода во општина Гевгелија, додека на Смоларските и Колешинските водопади ќе се реконструираат постоечките пешачки патеки.

 

Градежните компании можат одделно да конкурираат за изведба на секој од овие проекти, а вкупната проценета вредност е околу 200 илјади евра. Севкупните работи за уредување на излетничките места треба да се одвиваат во период од четири месеци, односно да завршат до крајот на април 2016 година. Фирмите заинтересирани за учество на тендерот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 25 ноември.