Претходна статија
Македонски железници без возен ред и поредок
Следна статија
Пругата од Битола кон грчката граница ќе се заврши во предвидениот рок

Догодина над 200 милиони евра за патната инфраструктура

Објавено на 04.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската влада има амбициозен план за развој на патната инфраструктура во 2016 година. Од државниот буџет за изградба и реконструкција на автопатите, магистралните, регионалните и на локалните патишта ќе бидат одвоени над 200 милиони евра. Во сегментот на автопатиштата, наредната година ќе продолжи изградбата на делниците Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Догодина ќе почне изведбата на автопатската делница од Требеништа до Струга, но и реконструкцијата на постоечките делници од Смоквица до Гевгелија, од Куманово до Миладиновци и од Неготино до Демир Капија. Севкупно земено, наредната година ќе стартува санацијата и изградбата на 50 километри автопат со вредност од 74 милиони евра.

 

 

 

Во текот 2016 година ќе се работи и на изградбата на експресни, магистрални и регионални патишта со должина од 250 километри, а ќе се рехабилитираат вкупно 156 километри од сегашната патна мрежа. Во соработка со Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта треба да ја заврши изградбата на експресниот пат Велес – Штип, како и патиштата Скопје – Сончев град, Опае – Бељаковце – Станчиќ и спојот Ново Село – Мариово. Во владината програма се влезени експресните патишта Штип – Радовиш, Градско – Прилеп, Охрид – Пештани, Ранковце – Крива Паланка, регионалните патишта Пробиштип – Пониква, Тораница – Саса, Старо Коњарево – Ново Коњарево и Кичево – Дебар.

 

Во делот на магистралните патишта, планирано е да се доврши реконструкцијата на магистралниот пат Битола – Ресен – Буково и на регионалните патишта Мокрино – Смолари, Нов Дојран – Николиќ, Брвеница – Чегране – Гостивар. Во 2016 година ќе започне рехабилитацијата на патиштата Кочани – Делчево, Бошков Мост – Дебар, Клепач – Новаци, Делчево – Голак, Мелнички мост – Центар Жупа, Лажани – Ропотово – Црнилиште и Кривогаштани – Обршани – Воѓани.