Општина Велес објави оглас за продажба на градежно земјиште наменето за изградба на викендички во околината на езерото „Младост“. Станува збор за 17 градежни парцели од планираната викенд населба на овој локалитет во близина на Велес, со површина од 586 до 870 метри квадратни и почетна цена од 283 денари за метар квадратен. Електронското јавно наддавање е закажано за 23 и 24 ноември. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 18 ноември, а можат да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица. Општина Велес има обврска во наредниот период да го уреди просторот околу езерото „Младост“, со цел истото да прерасне во препознатлива туристичка дестинација.