Претходна статија
Промовирана реконструираната велосипедска патека во Автокоманда
Следна статија
Тендер за првата зграда од проектот „АРМ - мој вистински дом“

ФОТО ВЕСТ: Во Градскиот парк се најде место и за фудбалска академија

Објавено на 01.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ослободена од надоместокот за уредување на градежното земјиште од Градот Скопје, фудбалската академија во Градскиот парк за половина година е речиси целосно завршена. Фирмата „Балкан констракшн груп“ на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко успеа да реализира голем дел од градежните работи за издигнување на спортскиот комплекс. Трите фудбалски игралишта се веќе оградени, и допрва треба да се постави тревниот тепих за одигрување на натпревари. Еден од двата објекти е издигнат на ниво на карабина, застаклениот надворешен дел од објектот е завршен, додека внатрешноста допрва ќе се уредува. Во него треба да се сместат шесте соблекувални и предавалната за теориска настава на децата.

 

###

###

 

 

И покрај тоа што забрзано се одвиваат градежните работи на овој комплекс, инвеститорот се уште не ја почнал изградбата на второто здание од академијата, кое се наоѓа на локацијата покрај самата улица што води кон Градскиот парк. Во овој дел од објектот треба да се сместат содржини од комерцијални и угостителски намени, како што е кафетерија и фан-шоп на фудбалскиот клуб „Вардар“. Ако нема изненадни промени во Деталниот урбанистички план, на оваа локација треба да никне објект за спорт и рекреација единствено со приземје и еден кат.

 

Ветувањата на инвеститорот беа дека на една од најатрактивните градежни парцели во Скопје ќе се вложат два милиони евра исклучиво во развој на спортот. За купување на земјиштето на почетокот од февруари годинава, рускиот инвеститор плати над 34,1 милиони денари, односно по 2.420 денари за метар квадратен. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски тогаш изрази незадоволство од ниската цена по која е продадена оваа примамлива парцела. Идејното решение за фудбалската академија во Градскиот парк го изработи Тања Добровотски.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk